Tonikaku Kawaii: Fly Me to the Moon

Tonikaku Kawaii: Fly Me to the Moon (буквално: Убавица: Однеси ме на Месечината; јапонски: トニカクカワイイ, букв. Во секој случај, слатка е), позната и како Tonikawa: Over the Moon for You, на македонски постои неофицијален превод под насловот Мојата слатка жена[1]манга од Кенџиро Хата, објавена во списанието Weekly Shonen Sunday од 14 февруари 2018 г. Нејзината аниме-адаптација се емитувала од октомври до декември 2020 г. на Tokyo MX и некои други ТВ-канали. Во 2021 г., аниме-адаптацијата на мангата ја освоила наградата „Crunchyroll Anime Awards“ во категоријата „Најдобар пар“.[2][3][4] Втората сезона била премиерно прикажана во април 2023 г. Приказната се врти околу младиот гениј Наса Јузаки и неговиот развој на врската со неговата нова сопруга Цукаса, која го спасува од сообраќајка на почетокот на приказната.

Корицата на првиот том на мангата, вклучувајќи ја Цукаса Цукујоми

Содржина уреди

На една снеговита зимска ноќ, Наса Јузаки, момче што го исмевале во детството поради неговото чудно име, наидува на една привлечна девојка откако ги добил оценките од практичниот испит за гимназија. Кога се обидува да ѝ пријде, го удира камион поради невнимание. Меѓутоа, девојката го спасува, а Наса за чудо ја следи до автобуска постојка и продолжува да ѝ ја признава љубовта. Девојката, Цукаса Цукујоми, се согласува да биде со него, но само ако прво се венчаат. Наса брзо се согласува со нејзиното барање, а потоа се онесвестува, будејќи се во болница. Наса станува разбиен кога не може повторно да ја најде, сѐ до неговиот 18-ти роденден, каде Цукаса ненадејно се појавува на неговиот праг. Цукаса влегува внатре со договор за брак, започнувајќи ја нивната врска и брак.

Наводи уреди

  1. На интернет можете да го најдете преводот на анимето на македонски под насловот Мојата слатка жена, но тоа не е официјален превод од издавач, туку од обичен обожавател.
  2. „Crunchyroll Anime Awards 2021: Jujutsu Kaisen and full list of winners - Polygon“. web.archive.org. 2021-02-20. Архивирано од изворникот на 2021-02-20. Посетено на 2021-05-02. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. „Crunchyroll Awards Crown Jujutsu Kaisen as Anime of the Year - Interest - Anime News Network:SEA“. web.archive.org. 2021-02-20. Архивирано од изворникот на 2021-02-20. Посетено на 2021-05-02. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  4. „Crunchyroll - Rewatch the 2021 Anime Awards Here (and Find Out Who Won!)“. web.archive.org. 2021-02-20. Архивирано од изворникот на 2021-02-20. Посетено на 2021-05-02. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски уреди