Gallionella — род на бактерија која долго време не можела да се смести во филогенетскиот систем на бактериите, а денес се наоѓа во одделната фамилија Gallionellaceae од редот Nitrosomonadales. Gallionella ferruginea била најпрво откриена во 1836 година. Gallionella е грашковидна, грам-негативна, поларно-флагелатна, монотрихозна бактерија која добива енергија од оксидацијата на двовалентните железни јони со кислород (хемолитотрофија). Таа е јаглерод-автотрофна и неутрофилна (се среќава во средини со средна pH-вредност). Карактеристични за овие организми се извиените додатоци кои се формираат на средината од телото, на неговата конкавна страна. Меѓутоа, не сите овие додатоци припаѓаат на Gallionella.

Gallionella ferruginea
Gallionella ferruginea

Енергетски метаболизам уреди

Gallionella добива енергија со оксидација на двовалентните железни јони (Fe2+) до тривалентно железо Fe (III), при што се ослободува енергија. Равенката на овој процес е следна:

Fe2+ + 1/4 O2 + H+ → Fe3+ + ½ H2O

При средна pH-вредност, Fe3+ јонот е нестабилен, но бактериите го сврзуваат со вода до речиси нерастворливи Fe (III) соединенија кои се јавуваат како кафеави талози (пример, железо (III) хидроксид):

Fe3+ + 3 H2O → Fe(OH)3 + 3 H+

Вкупната равенка на оксидацијата на Fe2+ до Fe(OH)3 е:

Fe2+ + 1/4 O2 + 2½ H2O → Fe(OH)3 + 2 H+