Зракоперки

(Пренасочено од Actinopterygii)
Зракоперки

Зракоперки (науч. Actinopterygii) — група на коскени риби кои се познати и под името актинопи. Оваа група содржи околу половина од сите ‘рбетници и околу 96% од сите живи риби. Денешните зракоперкови риби се одликуваат со присуството на зрачно распоредени ковчиња во перките (оттука и името), потоа единечна грбна перка, затворен сетилен канал во дентарната коска, посебно ткиво наречено ганоин и неколку други анатомски својства. Околу 40% од живите зракоперкови риби живеат исклучително во слатките води. Другите населуваат најмногу морски, соленикави или комбинирани живеалишта.

Зракоперки
Период: доцен силур - денес
Платиче (Rhodeus sericeus)
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Наткласа: Коскени риби
Класа: Зракоперки
Klein
Поткласи

Фосилните податоци укажуваат на тоа дека зракоперковите риби се речиси стари како и доцниот силур (пред околу 420 милиони години). Фосилните зракоперкови риби се доста распространети, со што претставуваат најмногубројни фосили на ‘рбетници со целосен скелет. Многу помали групи на раните зракоперкови риби, како пикнодонтите, семионотиформите и палеонисциформите, се изумрени веќе десетици милиони години. Други зракоперкови групи, како Cheirolepiformes, се изумрени веќе речиси илјадници милиони години. Врз основа на фосилните податоци, најглавната диференцијација на оваа класа започнала во доцниот мезозоик.

Таксономија уреди

Систематиката на зракоперковите риби (како и секоја друга систематика) — во постојан флукс. Меѓутоа, зракоперковите се класифицираат на следниот начин:

Наводи уреди

  1. In ITIS, Gobiesociformes is placed as the suborder Gobiesocoidei of the order Perciformes.
  2. In Nelson and ITIS, Syngnathiformes is placed as the suborder Syngnathoidei of the order Gasterosteiformes.