16 декември (настани)

шаблон на Викимедија
1946  Започнува со работа обновениот Филозофски факултет во Скопје, наследник на истоимениот факултет отворен во 1920 г. Оваа година станува првиот факултет во Македонија на македонски јазик и првата високошколска установа на идниот Скопски универзитет.
1993  Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји членки на ЕУВелика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска - воспоставиле целосни дипломатски односи со Република Македонија.
1945  Во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, Костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни.