1. ФК Унион Берлин

германски фудбалски клуб

1. ФК Унион Берлин (германски: 1. FC Union Berlin; или само Унион Берлин) — германски фудбалски клуб од Кепеник, Берлин. Во моментов се натпреварува во Првата Бундеслига, највисокото ниво на германскиот фудбал.

1. ФК Унион Берлин
Logo
Целосно име1. ФК Унион Берлин е. В.
ДржаваГерманија Германија
ПрекарDie Eisernen
Основан20 јануари 1966; пред 58 години (1966-01-20)
ЛокацијаБерлин, Германија
Бои          црвена и бела
СтадионАн дер Алтен Форстереи
Капацитет22,012
ПретседателГерманија Дирк Цинглер
ТренерШвајцарија Урс Фишер
ЛигаБундеслига Бундеслига
2021–22Бундеслига, 5-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан под сегашното име во 1966 година, но неговото постоење може да се проследи уште од 1906 година, кога била основана екипата ФК Олимпија Обершеневајде претходникот на денешниот Унион Берлин. Најголемиот дел од својата историја Унион Берлин ја поминал играјќи во регионалните лиги, сè до 2001 година кога за првпат избориле промоција во 2. Бундеслига. Сепак, таму се задржале само три сезони по што дошло до стрмоглав пад на клубот и две испаѓања по ред по што се нашле во Оберлигата во сезоната 2005-2006, во која избориле промоција и повторно се вратиле во регионалните лиги. Од 2008 година клубот учествувал во новоформираната третата лига и станал првиот нејзин победник во сезоната 2008-2009, со што избориле промоција и враќање во 2. Бунделига по пет сезони. Во следните 10 години Унион Берлин бил редовен учесник на 2. Бундеслига, сè до нивната прва историска промоција во 1. Бундеслига во сезоната 2018-2019 под водството на сегашниот тренер швајцарецот Урс Фишер.

Својте домашни натпревари Унион Берлин ги игра на стадионот Ан дер Алтен Форстереи, кој е најголемиот еднонаменски фудбалски стадион во главниот град на Германија.

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Обновено на 15 август 2019 [1]
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Рафал Гикиевич
3   ОД Невен Суботиќ
5   ОД Марвин Фридрих
6   СР Јулијан Рајерсон
8   СР Џошуа Мес
9   НП Себастијан Полтер
10   НП Себастијан Андерсон
11   СР Акаки Гоџа
12   ГМ Јакоб Буск
13   НП Антони Уџа
14   ОД Кен Рајхел
15   НП Мариус Билтер
16   НП Лауренц Дел
17   НП Флоријан Флекер
18   ОД Николај Рап
19   ОД Флоријан Хубнер
20   НП Сулејман Абдулахи
Бр. Позиција Играч
21   СР Гриша Промел
23   СР Феликс Крос
24   СР Мануел Шмидбах
25   ОД Кристофер Ленц
26   СР Јулиус Каде
27   НП Шералдо Бекер
28   ОД Кристофер Тримел  
29   ОД Михаел Паренсен
30   СР Роберт Андрих
31   ОД Кевин Шлотербек
32   НП Маркус Ингвартсен
33   ОД Ленард Малоуни
34   СР Кристијан Гентнер
35   ГМ Мориц Николас
36   СР Џихан Карман
40   СР Морис Опферман

Наводи уреди

  1. „Profis Saison 2016/17“ (германски). 1. FC Union Berlin. Посетено на 6 July 2019.

Надворешни врски уреди