Шхара

планина на Границата На Грузија И Русија

Шхара (грузиски: შხარა) — планина во средишниот дел на Големиот Кавкаски Венец, највисока во Грузија и трета по височина во венецот. Се наоѓа во областа Сванети долж границата со Русија, 88 км северно од градот Кутаиси и југоисточно од Елбрус.

Шхара
Највисока точка
Надм. вис.5.200 м
Истакнатост1357 м
Географија
Шхара на карта

Карта

Местообласт Сванети, Грузија -
Кабардино-Балкарија, Русија[1]
Матичен венецГолем Кавказ
Искачување
Прво освојување1888 од У. Алмер, Џ. Кокин и К. Рот[2]
Најлесен патСевероисточен Гребен: snow/ice climb (руска оцена 4б)[1][2]

Претставува дел од масив наречен Безеншки Ѕид кој е гребен со должина од 12 км. Има голем и стрмен врв со многу ледници и важи за голем предизвик кај алпинистите. Северната страна (во Русија) е висока 1.500 м и има неколку тешки патеки од класичен тип. Значајниот подврв Шхара Запад е висок 5.068 м и важи за најмакотрпното искачување во Европа.[2]

Прво освојување уреди

Планината првпат е освоена во 1888 г. преку Североисточниот Гребен од британско-швајцарска екипа составена од У. Алмер, Џ. Кокин и К. Рот. Оваа патека и денес се смета за една од полесните и ужива популарност. Целиот Безеншки Ѕид е првпат преминат во 1931 г., од страна на австриските искачуавчи К. Попингер, К. Молдан и З. Шинтлмајстер.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Шхара — SummitPost (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Audrey Salkeld (уред.). World Mountaineering. Bulfinch Press. стр. 70. ISBN 0-8212-2502-2.

Надворешни врски уреди

Предлошка:Седум трети врвови