Шумски расадник е посебно уредена површина за производство на садници за пошумување или за озеленување на населби. Садниците се произведуваат наменски, со одбрани технолошки постапки и методи на одгледување, продуктивно и економично, а со единствена цел – производство на висококвалитетни садници.

Шумски расадник

Шумски расадници во Македонија уреди

Во РМ со шумски расадници располагаше речиси секое шумско стопанство. Бројот на произведените садници беше во тесна корелација со динамиката на пошумувањето. До 1979 се произведуваа 3 – 3,5 милиони садници, а по формирањето на Републичкиот фонд за пошумување на голините и воведувањето на линиите за контејнерско производство, тој број десетпати се зголеми. До 1980 со расадничко производство се занимаваа 21 шумскостопанска организација. роизводството се одвиваше во 38 расадници, со вкупна површина од 65,2 ха. По воведувавето на контејнерскиот систем на производството на садници, извесен број од малите расадници престанаа да работат. По 1990 производството на садниот материјал драстично се намали, контејнерските линии запреа, а класичното производство е сведено на минимум.[1]

Извор уреди

<references>

  1. Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1667. ISBN 978-608-203-023-4.