Штедење значи чување или одложување на материјални добра и пари (на пример, вложување во банка или во пензински фонд).

Се разликува материјална, парично, поединечно, колективно, доброволно и присилно штедење. Посебно е распространето паричното штедење, и тоа со вложување на парите во штедни институции - банки или штедилници. Во 1924 година во Милано бил основан Меѓународен институт за штедење. Истовремено е воведен и Светски ден на штедењето (31 октомври), кога посебно се запазува пропагандата за штедење преку најразлични средства за јавно информирање, се доделуваат различни награди на штедачите итн.

Штедењето во економијата уреди

Во економијата, штедењето е резултат на одлуките на потрошувачите за распределбата на доходот и потрошувачката во однос на времето, т.е. тоа се јавува како резултат на изборот меѓу денешната и идната потрошувачка. Така, ако потрошувачот одлучи да не го потроши целиот сегашен доход, непотрошениот дел од доходот претставува штедење (заштеда). Притоа, големината на штедењето зависи од следниве фактори:[1]

  • распоредот на доходот низ времето - ако доходот на потрошувачот расте во текот на времето, тогаш тој денес ќе троши повеќе денес, а ќе штеди во иднината
  • каматната стапка - ако е повисока каматната стапка, тогаш штедењето е поисплатливо и потрошувачот ќе троши помал дел од сегашниот доход, а остатокот ќе го заштеди, зашто тоа ќе му овозможи повисока потрошувачка во иднината
  • апсолутниот износ на доходот - според една теорија, луѓето со повисок доход штедат поголем процент од доходот во споредба со луѓето со понизок доход
  • вкусевите на потрошувачите - некои луѓе се понестрпливи, т.е. повеќе ја претпочитаат сегашноста отколку иднината, некои луѓе сакаат да се обезбедат во однос на неизвесноста во иднината итн.

Емпириски факти за штедењето уреди

Бруто-националното штедење во одбрани земји (% од БДП).[2]
период Австралија Канада Франција Индија Јапонија Кореја Обединето Кралство САД
1870-1889 11,2 9,1 12,8 - - - 13,9 19,1
1890-1909 12,2 11,5 14,9 - 12,0 - 13,1 18,4
1910-1929 13,6 16,0 - 6,4 17,1 2,3 9,6 18,9
1930-1949 13,0 15,5 - 7,7 19,8 - 4,8 14,1
1950-1969 24,0 22,3 22,8 12,2 32,1 5,9 17,7 19,6
1970-1989 22,9 22,1 23,4 19,4 33,7 26,2 19,4 18,5

Наводи уреди

  1. George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 276-281.
  2. Robert J. Barro and Xavier Sala-i-Martin, Economic growth. McGraw-Hill, 1995, стр. 8.