Шкода ситиго (чешки: Škoda Citigo) – мал градски автомобил што го произведува чешката фабрика за автомобили Шкода. Се произведува од 2011 до денес.

Шкода ситиго
Škoda Citigo
ПроизведувачШкода Ауто
Производство2011–до денес
СклопувањеСловачка
КласаМал градски автомобил
Вид каросерија3 и 5 врати хечбек
Распоредмотор напред, погон напред
Мотор1,0 L трицилиндричен бензински
1,о L трицилиндричен на гас
Пренос5-степенски мануелен
5-степенски автоматски
Меѓуоскино раст.2420 mm
Должина3563 mm
Ширина1641 mm
Висина1478 mm
Нетоварена тежина929 кг
СродниФолксваген ап!
Сеат ми

Историјат уреди

Шкода ситиго е мал градски автомобил, дел од фолксвагеновата серија модели под назив New Small Family, кој бил претставен на саемот за автомобили во Франкфурт. Производството почнало во октомври 2011 година во Братислава, каде се произведуваат и Фолксваген ап и Сеат ми, верзии на истиот автомобил. Каросериски тој е мал автомобил со три или пет врати во хечбек варијанта.

Ситиго е практично идентичен со Фолксваген ап!, освен што се разликува предната маска и некои детали. Од друга страна, сеат има нешто повеќе разлики.[1] Иако е мал автомобил, нуди максимална искористеност на просторот и четири седишта за патници. Верзијата со пет врати на пазарот се појавила во 2012 година. Дизајнот на овој градски автомобил вклучува многу елементи типични за сите нејзини возила. Дизајнерите успеале на автомобилот да му дадат специфичен, но конзервативен изглед. Шкода ситиго со должина од 3,56 метри е еден од најмалите возила во својот сегмент. Зафатнината на багажникот е 251 литар, а да се прошири на 951 литар со спуштање на задните седишта.

На креш тестовите Euro NCAP во 2011 година, ситиго ги добил максималните пет ѕвездички.[2]

Мотори уреди

Во понудата се два бензински и еден мотор на плин.

Модел Зафатнина Цилиндри/
вентили
kW/КС Менувачи
1,0 MPI 999 cm³ 3/12 44 kW / 60 КС 5-степен мануелен/автоматски
1,0 MPI 999 cm³ 3/12 55 kW / 75 КС 5-степен мануелен/автоматски
1,0 CNG 999 cm³ 3/12 50 kW / 68 КС 5-степен мануелен

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Шкода ситиго“ (српски). b92.net/automobili.
  2. „Euro NCAP креш тест“ (англиски). euroncap.com.

Надворешни врски уреди