Шкода рапид (чешки: Škoda Rapid) – автомобил што го произведува чешката фабрика за автомобили Шкода. Се произведувал од 2012 до 2019 година.

Шкода рапид
Škoda Rapid
ПроизведувачШкода
Производство2012–2019
СклопувањеМлада Болеслав, Чешка
Јиженг, Кина
Калуга, Русија (2014-до денес)[1]
Релизан, Алжир[2] (2018-до денес )
ПретходникШкода октавија тур
НаследникШкода скала
КласаМал семеен автомобил
Вид каросерија4 врати седан (Кина)
5 врати лифтбек
5 врати хечбек
Распоредмотор напред, погон напред
ПлатформаПлатформа А05 +(PQ25) на групацијата Фолксваген
Мотор1,2 L трицилиндричен бензински
1,2 L четирицилиндричен бензински
1,4 L четирицилиндричен бензински
1,6 L четирицилиндричен дизел
Пренос5/6-степенски мануелен
7-степенски автоматски DSG
Меѓуоскино раст.2602 mm
Должина4483 mm (седан)
4304 mm (хечбек)
Ширина1706 mm
Висина1461 mm (седан)
1459 mm (хечбек)
Нетоварена тежина1100-1292 кг
СродниСеат толедо Mk4
Фолксваген сантана (2013)
Фолксваген џета најт

Историјат уреди

Шкода рапид е семеен автомобил од нижата средна класа. Првпат бил прикажан во јавност во април 2012 година на саемот за автомобили во Пекинг.[3] Во септември официјално е прикажан на саемот за автомобили во Париз. Продажбата почнала во Чешка на 20 октомври 2012 година, а во централна и западна Европа, кон крајот на 2012 година.

Според димензиите е позициониран меѓу фабијата и октавијата. Конструиран е на продолжена платформа од моделите фабија и поло. Неговиот дизајн дава изглед на лимузина, но тоа е компакт со пет врати (лифтбек), кој обезбедува капацитет на багажникот од 550 литри.[4] Рапидот ги дели основните елементи на каросеријата и дизајнот на ентериерот со Сеат толедо од четвртата генерација и двата се склопуваат во истата фабрика на Шкода во Млада Болеслав.[5]

И покрај тоа што го дели името со Шкода рапид што се произведува во Индија, кој е лансиран во 2011 година, меѓународната верзија е поинаков автомобил, незначително поголем, со поинаква надворешност, нов ентериер и различни опции за моторот. Името претходно било користено за модел од 1935 година, како и за моделот од 1984 година.

На тестовите Euro NCAP рапидот во 2012 година добил максимални пет ѕвездички за безбедност.[6]

Мотори уреди

Модел Зафатнина Цилиндри/
вентили
kW/КС Менувачи Напомена
Бензин
1.2 MPI 1198 cm³ 3/12 55 kW / 74 КС 5-степен мануелен
1.2 TSI 1197 cm³ 4/8 63 kW / 85 КС 5-степен мануелен
1.2 TSI 1197 cm³ 4/8 77 kW / 105 КС 6-степен мануелен
1.4 TSI 1390 cm³ 4/16 90 kW / 122 КС 7-степен автоматски
Дизел
1.6 TDI 1598 cm³ 4/16 66 kW / 90 КС 5-степен мануелен, 7-степен автоматски
1.6 TDI 1598 cm³ 4/16 77 kW / 105 КС 5-степен мануелен

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Production of Skoda Rapid began at Kaluga plant“. Wroom.ru. 28 February 2014. Архивирано од изворникот на 2016-06-08.
  2. Baya M. (11 October 2018). „Sovac / SKODA : la Rapid restylée à 2 390 000 da TTC“.
  3. „Новата Шкода ќе се вика рапид“ (англиски). new.skoda-auto.com. Архивирано од изворникот на 25 април 2012.
  4. „Шкода рапид спејсбек“ (српски). b92.net/automobili.
  5. „Нови толедо се производи у Болеслави“ (чешки). auto.cz.
  6. „Euro NCAP креш тест“ (англиски). euroncap.com.

Надворешни врски уреди