Шишански манастир

манастир кај Шишани, Населичко

Шишански манастир „Успение на пресв. Богородица“манастир кај Шишани во Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија‎ на Цариградската патријаршија.[1]

Успение на Пресвета Богородица
Шишански манастир
Παναγία Σισανίου
Карта
40°25′24″N 21°29′09″E / 40.4232° СГШ; 21.4858° ИГД / 40.4232; 21.4858
МестоШишани, Населичко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Завршена1650
Управа
ЕпархијаШишанско-сачишка

Местоположба уреди

Манастирот се наоѓа на 2 км југозападно од селото Шишани, до урнатините на некогашниот катедрален храм на Шишанската епархија, „Пресв. Богородица“.

Историја уреди

Манастирот е основан во 1650[2] или 1772 г.[3] Уште од самиот почеток имал врски со светогорскиот манастир Ватопед.[2] Изгледа дека црквата првично не била манастирска. Постоењето на манстирот за првпат се спомнува во белешката на Неофит II Шишански во кондиката на митрополијата од 1797 г. за селото Шишани. Така, по 1762 и пред 1797 г., црквата „Успение на пресв. Богородица“ е претворена во манастир. Поверојатно е дека храмот е изграден во XVIII век, а не во XVII како што тврди натписот. Градбата нема никаква црта од типологијата на манастирските цркви како купола, страничните ниши итн. Иконостасот е од обично дрво, зографисано со растителни и животински мотиви, како што се вратите од куќите во Сачишта од крајот на XVIII век.[3] Царските икони се дело на зографот Георги Мануил од Селица, подарок од игуменот Теофан.[4][5] За време на Македонската борба бил база на андартските чети.[6]

Во 1970 г. манастирот е прогласен за споменик на културата.[7]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Στην Ιερά Μονή Κοιμήσεως της Θεοτόκου Σισανίου (Φωτογραφίες)“. Mikrovalto.gr. Посетено на 1 април 2018.
  2. 2,0 2,1 „Η Παναγία η Βατοπαιδινή. Τοιχογραφία της στο Σισάνι Κοζάνης (έτ. 1662)“. Φως της Καστοριάς. Посетено на 24 мај 2014.
  3. 3,0 3,1 „Στην Ιερά Μονή Κοιμήσεως της Θεοτόκου Σισανίου“. Μικρόβαλτο. Посетено на 25 мај 2014.
  4. Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450 – 1850), τόμος 3, Αβέρκιος – Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 278. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Посетено на 2022-09-14. no-break space character во |title= во положба 38 (help)
  5. „Τα μοναστήρια του Βοϊου“. Άγιος Δημήτριος Σιάτιστας. Архивирано од изворникот на 2016-11-05. Посетено на 29 ноември 2016.
  6. „Ιερά Μονή Κοιμήσεως της Θεοτόκου Σισανίου“. Δήμος Βοΐου. Архивирано од изворникот на 2014-05-29. Посетено на 29 мај 2014.
  7. „ΥΑ 2694/12-9-1970 - ΦΕΚ 666/Β/23-9-1970“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-18. Посетено на 20 јули 2020.

Надворешни врски уреди