Шехзаде Јахија (1585-1649) — отомански принц, за кој се смета дека бил син на османлискиот султан Мехмед III, а неговата мајка била Сафије султан. Кога неговиот татко Мехмед станал султан тој присуствувал на погубувањето на неговите чичковци. Неговата мајка била загрижена дека ова еден ден може да се случи и со Јахија. Поради ова тој побегнал во Грција и Бугарија каде наводно бил покрстен и го примил христијанството. Таму тој живеел во наредните осум години[1].

Александар
Искендер
Јахија
Роден(а)23 октомври 1585
Маниса, Отоманско Царство
Починал(а)1648 (на 62–63 г.)
Котор
Почивалиште
Котор, Црна Гора
СопружникАна Катерина
ДецаМорис
Елена
Полно име
Јахја бин Мурат; Александар
ДинастијаОтоманска династија
ТаткоМурат III (евентуално)
МајкаСафије султан (евентуално)
Вероисповедправославие
претходно ислам

Битка за престолот уреди

Кога неговите двајца браќа загинале во 1603 година неговиот помлад брат Ахмед I станал отомански султан. Јахија верувал дека како најстар син тој треба да го презема престолот во Цариград па поради ова остатокот од својот живот го посветил на стекнување на престолот. Сепак според османлиската пракса, децата на султанот се стекнувале најпрвин со управување на провинциски области и градови а по смртта на султанот тие придружувани од своите мајки се трудиле да соберат поголем број на приврзаници, а по погребот на нивниот татко тие се бореле меѓу себе додека еден не излезе победник.

Од 1603 па натаму, Јахија патувал во северна и западна Европа за да добие поддршка. Така тој бил во посета на Фиренца, Мадрид, Рим, Краков, Антверпен, Прага и други градови. Помеѓу 1614 и 1617 тој стапил во контакт со српските православни христијански владици во Косово и римокатоличките бискупи и водачи, како дел од неговата стратегија да се здобие со престолот. Тој наводно ветувал дека доколку стапи на престолот христијанството ќе го направи официјална религија во царството. Неколку години подоцна, со помош на руските и украинските козаци, тој предводел една флота од 130 брода кои го нападнале Истанбул. Тој конечно починал во 1649 на брегот на Црна Гора, кога бил бил вмешан во бунт организиран од римокатоличките епископи во Скадар[2].

Наводи уреди

  1. Kosovo, A Short History (1998), Noel Malcolm -- Harper Perennial - pp. 121 - 122 ISBN 978-0-06-097775-7
  2. Kosovo, A Short History (1998), Noel Malcolm -- Harper Perennial - p. 124 ISBN 978-0-06-097775-7