Чурхли
Чурхли — гребенско село во Егејска Македонија, Република Грција. Според пописот од 2011 година во селото има 452 жители
Чурхли Άγιος Γεώργιος | |
---|---|
Координати: 40°11′N 21°24′E / 40.183° СГШ; 21.400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Најг. вис. | 800 м |
Најм. вис. | 725 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | 452 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 51 100 |
Повик. бр. | +30 24620 |
Рег. таб. | ΡΝ |
Географија уреди
Селото се наоѓа на околу 15 километри северно од градот Гребен. На север се граничи со селото Фуркач.
Историја уреди
Под Османлиското Царство уреди
Кон крајот на XIX век Чурхли е големо мешано гркојазично муслиманско-христијанско во Гребенската каза на Османлсикото царство. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 година во Чурхли (Зурхли, Џурхли) живеат 400 Валахади (гркојазични муслимани), 200 Грци христијани и 40 Роми.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Џуруфли (Зуркли) се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 175 куќи.[3]
Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година во Τσούρχλι има 600 валахади и 400 Грци-христијани.[4]
Грчка окупација уреди
За времен на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки војски и по Втората балканска војна во 1913 година Чурхли останува во Грција.
Во средината на 20-те години на минатиот век муслиманското население е иселено во Турција според Лозанскиот договор и на негово место се доселени Грци кои пребегнале од Турција. Во 1928 година селото е целосно христијанско со месни жители и новодојденци бегалци броејќи 124 семејства со вкупно 413 жители.[5]
Во 1927 година името на селото е сменето во Агиос Георгиос.
Демографија уреди
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 900 | 863 | 828 | 660 | 814 | 746 | 824 | 452 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности уреди
Познати личности родени во ова село се:
- Турција Бекир Фикри-паша (1882 - 1914), турски војсководец
- Грција Ѓорѓи Јанински (1810 - 1838), новомaченик
- Грција Георгиос Зервас (1820 - 1860), ајдук
- Грција Николаос Канутас (Νικόλαος Κανούτας),андарт, кој како млад се преселил во Цариград, се приклучил на Македонскиот комитет како четник на Павлос Гипарис во Костурско, и областите на Корешта, Невеска и Лехово (Леринско), а во 1912 година работи во коњоодгледувачница[6]
Наводи уреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 275.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 71.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр.20