Чртомир Фрелих (словенечки: Črtomir Frelih), (Номењ, 20 август 1960словенечки графичар[1].

Чртомир Фрелих
Črtomir Frelih
Роден(а)20 август 1960(1960-08-20)(63 г.)
Номењ, Социјалистичка Република Словенија ,СФР Југославија
ЖивеалиштеЉубљана, Словенија
НационалностСловенец
Занимањеграфичар

Животопис уреди

Дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Љубљана, Словенија во 1985 година, одделот за графика во класата на проф. Звест Аполониј, а специјализирал во 1990 година на истата академија.

Работи како професор на одделот за ликовна педагогика на Педагошкиот факултет на Универзитетот во Љубљана.

Изложби уреди

Има реализирано преку осумдесет самостојни изложби.

Учествувал на околу 240 групни изложби во Словенија и во странство.

Автор е и на бројни меѓународни уметнички проекти[2].

Во доменот на графиката развил нова колграфска технологија, со која го менува изразот во графичкото творештво[3].

Награди уреди

Добитник е повеќе меѓународни награди[4]:

  • Награда на 4. биенале на југословенската графика во Загреб 1986 година,
  • Признание на осмото триенале на графиката во Шамалиер, Франција 2010 година,
  • Награда за највисок квалитет на 8 меѓународно биенале на цртеж во П’лзењ, Чешка,
  • Рамноправна награда на 18 биенале на графиката во Варна, Бугарија, 2017,
  • Специјална награда за развој на современата графика во светот на деветтото меѓународно графичко триенале во Битола и др.

Библиографија уреди

  • Нина Кожеј „Кукавици“- Чртомир Фрелих, Камник, 2012 година [5].
  • Зоран Кржишник „Младата словенечка графика“, Галерија Тиволи, Љубљана, 1993 година[6].

Наводи уреди

  1. FRELIH, Črtomir[мртва врска]
  2. „knjige z Crtomir Frelih“. Архивирано од изворникот на 2019-04-26. Посетено на 2019-04-26.
  3. „Melita Ažman“. Архивирано од изворникот на 2019-04-26. Посетено на 2019-04-26.
  4. „Lisice so tu“. Архивирано од изворникот на 2019-04-24. Посетено на 2019-04-24.
  5. Kukavice – Črtomir Frelih
  6. Mlada slovenska grafika

Надворешни врски уреди