Човекот со четири нозе

„Човекот со четири нозе“ (српски: Човек са четири ноге) — филм од 1983 година, режиран од Радивоје Лола Ѓукиќ. Главните улоги ги играат: Мија Алексиќ, Милена Дравиќ, Данило Бата Стојковиќ и Тања Бошковиќ.[1].

Синопсис уреди

Јован Јовановиќ (го игра Алексиќ), стопански и општествено-политички работник, се тужи самиот себе. Неговата лична приказна наликува на комедија: на Нова година, поради прекинот на струјата и патент-бравата, неговата убава сосетка (ја игра Бошковиќ) влегува гола во неговиот стан; тој е сам, но токму тогаш во станот ненадејно се појавува неговиот помошник, па еден фото-репортер, а потоа доаѓаат сопругот на сосетката, а најпосле и неговата сопруга (ја игра Дравиќ). Тогаш доаѓа до израз двојниот морал на јавноста. Затоа, Јован поднесува тужба против себе, сакајќи да добие официјално мислење за тоа како треба да живее во современиот свет.

Наводи уреди