Чешиново

село во Општина Чешиново-Облешево

Чешиново — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани. До 2004 година селото било седиште на Општина Чешиново.

Чешиново
Чешиново во рамките на Македонија
Чешиново
Местоположба на Чешиново во Македонија
Чешиново на карта

Карта

Координати 41°52′16″N 22°17′12″E / 41.87111° СГШ; 22.28667° ИГД / 41.87111; 22.28667
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 727 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 033
Шифра на КО 13045
Надм. вис. 287 м
Чешиново на општинската карта

Атарот на Чешиново во рамките на општината
Чешиново на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Чешиново се наоѓа во најнискиот рамничарски предел од Кочанската Котлина и зазема средишна позиција помеѓу поголемите градски општини и градови, односно Кочани (13 км) на североисток, Штип (21 км) на југозапад и Пробиштип (26 км) на север.

Историја уреди

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Во Чешиново работи рудникот „Опалит“, рудникот „Неметали“, „Мак-Млин“, „Млин-Пајо“ - фабрика за луштење на ориз, „Бобик“, „Прогрес“, „Млин Кула - Прогрес“, , „Ледер“ - погон за дрвна индустрија, „Естетика“ - погон за производство на гранитни плочки и мермер, бензинска пумпа „Еуро Петрол“, како и неколку занаетчиски дуќани „Автосан“, „Егеј“, „Б+“ и др. Најголем број од женската работна рака е вработена во модната конфекција „Јоти“ - погон за лесна конфекција.

Чешиново располага со најголема површина на обработливо земјиште во Кочанското Поле. Вкупната аграрна површина зафаќа простор од 4.800 ха, од кои 2.989 ха се обработливо земјиште, 1.780 ха се пасишта и 31 ха се шуми. Населението овде, претежно, се занимава со земјоделство и сточарство.

Главна земјоделска култура е надалеку познатиот ориз, а исто така почвата е погодна за производство и на шеќерна репа. Чешиново има и еколошки здрава средина за развој на сточарството.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948791—    
1953927+17.2%
19611.134+22.3%
19711.200+5.8%
19811.224+2.0%
ГодинаНас.±%
19911.051−14.1%
19941.052+0.1%
2002998−5.1%
2021727−27.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чешиново живееле 310 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Чешиново имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Чешиново е голема населба, која до 1981 година имала континуиран пораст на населението, додека во минатите три пописни години, бројот на население е во стагнација.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 998 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 727 жители, од кои 703 Македонци и 24 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 310 320 791 927 1.134 1.200 1.224 1.051 1.052 998 727
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови уреди

Чешиново е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Ќимовци (8 к.), Бакамци (5 к.) и Поровци (3 к.)
  • Доселеници: Богатиновци (7 к.), Тошевци (6 к.), Кузмановци (5 к.), Левковци (3 к.) и Лебарци (3 к.) доселени се во XIX век од селото Спанчево; Неделковци (10 к.) и Шоповци (6 к.) доселени се во XIX век од селото Страцин во Кратовско; Пиљавци (7 к.) доселени се во XIX век од селото Саса кај Македонска Каменица; Виткарци (4 к.) и Андоновци (3 к.) доселени се од селото Сарчиево во Штипско; Бурилчанци (3 к.) доселени се од селото Бурилчево; Цековци (3 к.) доселени се од селото Мојанци, а таму биле доселени од селото Спанчево; Трендафиловци (3 к.) доселени се од селото Соколарци; Паљут (1 к.) и Кучичанци (1 к.) првите се доселени од Спанчево, а вторите од Кучичино; Бојковци (8 к.), Ќировци (6 к.), Здравевци (4 к.) и Чочковци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде.[10]

Општествени установи уреди

Во основното училиште „Страшо Пинџур“, во Чешиново, своето образование го стекнуваат учениците од населените места кои катастарски припаѓаат на општина Чешиново-Облешево.

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 875 и 876 според Државната изборна комисија, сместени во општинска зграда и здружен дом.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 717 гласачи.[12]

Инфраструктура уреди

Во Чешиново работат: пошта, матична служба и аптека, кои ги опслужуваат сите локални населени места. Минува и железничка пруга за сите видови патнички и товарен транспорт.

Во село Чешиново работат и две амбуланти.

Телефонската централа во Чешиново моментално ги опслужува населените места: Чешиново, Соколарци, Уларци, Бурилчево, Жиганци и Кучичино.

На подрачјето на Чешиново е сместена трафостаница која е регионален центар за напојување на електрична енергија. Од неа излегуваат 10 КВ-ни водови за напојување на дистрибутивните трафостаници во селата: Чешиново, Чифлик, Кучичино, Бурилчево, Уларци, Жиганци, Лепопелци, Ново Селани, Врбица, Соколарци, Спанчево, а постои и врска за напојување и на село Облешево.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.

Надворешни врски уреди