Четка

алатка со филаменти за чистење, нанесување материјали или други намени

Четка ― вообичаена алатка со влакна, жица или други филаменти. Воглавно се состои од рачка или глава на која филаментите се прицврстени во напоредна или нормална ориентација, во зависност од начинот на кој четката треба да се фаќа за време на употребата. Материјалот и на главата и на влакната или на нишките е избран за да ги издржи опасностите од неговата намена, како што се корозивни хемикалии, топлина или абразија. Користена е за чистење, негување на коса, шминка, сликање, доработка на површини и за многу други намени. Тоа е една од најосновните и најразновидните алатки што се користени денес, а просечното домаќинство може да содржи неколку десетици видови.

Четки за чистење.

Историја уреди

Кога првпат биле создадени куќите, сопствениците користеле гранки земени од грмушки за да ја исчистат нечистотијата, па така биле користени првите примитивни четки. Во 1859 година, првата фабрика за четки во Соединетите Држави, била основана во Њујорк.[1]

Производство уреди

Вообичаен начин на поставување на влакната, нишките од четката, во главата во која филаментот е ставан со спојувач од средината во дупка со посебен двигател и се држи таму со притисокот врз сите ѕидовите на дупката и деловите од спојницата заковани на дното на дупката. Спојницата може да биде заменета со еден вид сидро, што е парче правоаголна профилна жица што е закотвена на ѕидот на дупката, како кај повеќето четки за заби. Друг начин за прицврстување на влакната на површината може да се најде во сплотена четка, во која наместо да се вметне во дупка, пластичното влакно се заварува на друга пластична површина, што дава можност да бидат користени различни дијаметри на влакната во истата четка.

Конфигурациите вклучуваат извиткана жица (на пр. четки за шишиња), цилиндри и дискови (со влакна раширени на едното лице или радијално).

По функција уреди

Примена на материјалот уреди

 
Видови на козметички и шминкерски четки.

Дејството на таквите четки најчесто е од страните, а не од врвот, допирот со кој се ослободува материјалот што го држи капиларното дејство.

  • Форензичка четка за отпечатоци од прсти
  • Четка за позлатување
  • Четка за мастило
  • Четка за шминка
  • Четка за маскара
  • Четка за лак за нокти
  • Четка за сликање (ликовна уметност или украсување на куќа)
  • Четка за пециво
  • Четка за бричење
  • Четка за лак за чевли
  • Четка за тапет

Чешлање уреди

Дејството на овие четки е повеќе слично на чешлање отколку на четкање, односно се користени за исправување и отплеткување на филаментите. Сепак, одредени видови четки за коса се дизајнирани да го четкаат самиот скалп без материјал како што е мртвата кожа (првут) и да ја зајакнат кожата на скалпот.

  • Четка за тимарење
  • Четка за коса

Друго уреди

  • Четка (електрична), што е користена на електрични мотори
  • Киселинска четка, опишана како составена од стаклени навои, во 1906 година[2]
  • Киселинска четка, опишана како составена од коњско влакно држено во стеснета бакарна цевка, во 1922 година[3]
  • Четка за облека или четка за влакненца
  • Магнетна четка
  • Медицинска четка за земање примероци
  • Четки за ударни чекани
  • Четка за точкарање (ниту нанесува, ниту отстранува материјал, туку само додава шема)

Чистење уреди

 
Тоалетна четка.

Четките што се користени за чистење доаѓаат во различни големини, почнувајќи од дури и помали од онаа на четката за заби, до стандардната верзија за домаќинство придружена со тава за прашина, до четкики од 90 цм. Постојат четки за чистење на ситни пукнатини и процепи и четки за чистење на огромни подови во складиштето. Четките извршуваат мноштво задачи за чистење. На пример, четките лесно ја бришат прашината од најситните делови, помагаат да бидат исчистени дамките од облеката и чевлите, ја отстрануваат нечистотијата од гумите и ги отстрануваат нечистотиите и остатоците што се наоѓаат на подот со помош на сад за прав. Посебни четки се користени за различни активности од чистење зеленчук, како тоалетна четка, миење стакло, чистење плочки и како благ абразив за брусење.

Наводи уреди

  1. Extraordinary Origins of Everyday Things. Reader's Digest. 27 ноември 2009. стр. 29. ISBN 978-0276445699.
  2. Gould, George M. (1906). The Student's Medical Dictionary (11.. изд.). Филаделфија: P. Blakiston's Son & Co. Brush. Посетено на 17 октомври 2023 – преку Internet Archive, medicalheritagelibrary collection.
  3. Jones, Charlles L. (1922). Service Station Management (Microfilm.). New York: D. Van Nostrand Company. стр. 115. Посетено на 28 March 2021 – преку Internet Archive, ColumbiaUniversityLibraries collection.
  • The Grove Encyclopedia of Materials and Techniques in Art, Џералд ВР Вард. Oxford University Press, 2008 година.ISBN 978-0-19-531391-8

Надворешни врски уреди