Четири пердуви (англиски: The Four Feathers) – филм од 2002 година, во режија на Шехар Капур. Главните улоги ги толкуваат Хит Леџер, Вес Бентли и Кејт Хадсон.[1]

Шехар Капур

Содржина уреди

Филмот претставува приказна за дезертерството на еден британски офицер, сместена кон крајот на 19 век во Африка. По своето бегство, тој добива четири бели пердуви од неговите пријатели и од свршеницата, како симбол на неговиот предавнички чин.[2]

Наводи уреди

  1. „Четири пердуви“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 16.
  2. „Четири пердуви“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 16.