Чедо Христов
Чедо Христов (1 мај 1938 во Струмица — 30 мај 2011 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Чедо Христов | ||
Роден | 1 мај 1938 Струмица, СФР Југославија | |
---|---|---|
Починал | 30 мај 2011 Скопје, Македонија | |
Познат | по улогата во: Чекор пред времето Време, води Жена од малтер Едно лето | |
Занимање | глумец |
Филмографија уреди
Година | Филм | Улога |
1969 | Враќање од рајот ТВ-филм | |
1970 | Ветар во кутиче киприт ТВ-филм | |
1970 | Детективи ТВ-филм | |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | Стојан |
1979 | Жена од малтер ТВ-филм | Работник |
1980 | Време, води ТВ-филм | Митрус |
1981 | Булки крај шините ТВ-серија | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | Таткото |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Жан |
1987 | Трета доба ТВ-филм | |
1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | Адам Валевски |
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | |
2003 | Чекор пред времето ТВ-филм |
Животопис уреди
Роден е во Струмица, 1938 година.
Христов завршува на отсекот за сликарство на Вишата педагошка школа.
Во 1958 година се вработува во Струмичкиот театар "Антон Панов" каде останува до 1964 година, кога преминува во Македонски народен театар во Скопје каде останува се до неговото пензионирање во 1996 година. Тој покрај актерството се занимава и со сценографија на повеќе театарски куќи во Македонија, каде има добиено и награди.
Награди уреди
Во 1964 година ја добива наградата од "Здружението на драмски уметници" за улогата на "Ник" во претставата "Матуранти". Христов има добиено неколку награди за најдобра сценографија на претстави на театарските игри "Војдан Чернодрински" во Прилеп меѓу кои: "Смеа низ сокаците" (1969) и "Тутунскиот пат" (1972) во изведба на Народен Театар Струмица, "Смртта на трговскиот патник" (1977) и "И Адам и Ева" (1980) во изведба на Народен Театар "Војдан Чернодрински". Во 2010 година ја добива наградата за животно дело "Војдан Чернодрински".
Надворешни врски уреди
- Чедо Христов на Семрежната филмска база на податоци (англиски)