Часовен агол — во астрономијата и небесната навигација е една од координатите кои се користат кај екваторскиот координатен систем за да се одреди насоката на точка на небесната сфера. Часовниот агол на една точка е аголот меѓу две рамнини: во една од нив се содржани Земјена оска и зенит ( меридијанска рамнина), додека пак во другата се содржани Земјена оска и одредена точка (часовен круг кој минува низ таа точка).

Гледана одозгора земјениот Северен Пол, ѕвездениот локален часовен агол за набљудувач близу Њујорк (црвено). Исто така се прикажани и Ректасцензијата и часовниот агол кај Гринич, локално ѕвездено време и ѕвезденото време во Гринич. Со ознаката ʏ се означува насоката на пролетната рамноденица.

Аголот може да се изрази како спротивна насока (негативна) од исток на меридијанска рамнина и во насока на од запад (позитивна) на меридијанската рамнина, или позитивно од запад од 0° до 360°. Аголот може да се мери во степени или во време со 24ч ко се еднакви на 360°.

Во астрономијата, часовниот агол се дефинира како аголно растојание на небесната сфера мерена западно по должина на небесниот екватор за меридијанот до часовниот круг кој минува низ точката t.[1] Може да се мери како времеили вртежи во зависност од намената. Во небесната навигација, погодно е да се мери во степени западно по нултиот меридијан, локалниот меридијан или првата точка од Овен.

Часовниот агол е во пар со деклинацијата за целосно да се одреди насоката на точката на небесната сфера во екваторскиот координатен систем.[2]

Во однос на ректасцензијата уреди

Локалниот часовен агол (LHA) на тело на небото кое го гледа набљудувач е:

 
или
 

каде LHA тело е месниот часовен агол за телото, LST е локалното ѕвездено време,   е ректасцензијата на телото, GST е свездено време во Гринич и   е должина на набљудувачот (западно позитивно од нултиот меридијан).[3] Овие агли можат да се изразат преку време (24 часа во круг) или во степени (360 степени во круг)—едно или друго, но не и двете истовремено.

Негативните часовни агли го посочуваат времето потребно за следниот премин преку меридијанот, часовен агол со вредност нула означува дека телото е на меридијанот.

Сончев часовен агол уреди

Набљудувајќи го Сонцето од Земјата, 'сончевиот часовен агол е изразување на времето преку аголна мерка, најчесто степени, од сончевото пладне. При сончевото пладне часовниот агол е 0,000 степени, времето пред пладнето се изразува со негативни степени, додека по пладнето се означува со позитивни вредности во степени. На пример во 10:30 часот локално привидно време часовниот агол е -22,5° (15° за еден час 1,5 часа пред пладне).[4]

косинусот на часовниот агол (cos(h)) се користи за да се пресмета сончевиот зенитен агол. При сончевото пладне, h = 0,000 па вредноста на cos(h)=1, а пред и по сончевото пладне cos(± h) е еднаков на истата вредност за утро (негативен часовен агол) или попладне (позитивен часовен агол), т.е. Сонцето е на иста висина на небото во 11:00 часот и 13:00 часот по сончево времеитн.[5]

Ѕвезден часовен агол уреди

Ѕвездениот часовен агол на тело на небесната сфера е аголното растојание западно од верналова рамноденица кое се мери во степени. SHA-ѕвездениот часовен агол на ѕвездата се менува споро, и SHA на планетата не се менува достатно брзо, па SHA е погоден начин за да се прибележат нивните местоположби во алманасите. SHA често се користи за небесна навигација и навигациона астрономија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. U.S. Naval Observatory Nautical Almanac Office (1992). P. Kenneth Seidelmann (уред.). Explanatory Supplement to the Astronomical Almanac. University Science Books, Mill Valley, CA. стр. 729. ISBN 0-935702-68-7.
  2. Explanatory Supplement (1992), p. 724.
  3. Meeus, Jean (1991). Astronomical Algorithms. Willmann-Bell, Inc., Richmond, VA. стр. 88. ISBN 0-943396-35-2.
  4. doi:10.1002/9780470209738.ch2
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  5. doi:10.1016/B978-012369407-2/50005-X
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно