Асталски чаршаф (турски: çarşaf) – покривка на маса - обично од памучно или ленено платно[1]. Чаршафот се поставува целосно да ја покрие масата за заштита и украс. Обликот на асталските чаршафи зависи од обликот на масата и може да бидат тркалезни, квадратни, правоаголни и сл.

Маса покриена со чаршаф

Историја уреди

Асталските чаршафи се појавиле во средниот век и служеле за бришење на рацете. Во ренесансата, често биле ткаени од лен и везени со грбот на домаќинот. Ленот бил претпочитан материјал на богатите луѓе додека конопот бил сметан за груб.

Во 19 век се појавуваат восочести чаршафи како и чаршафи со тантела. После Втората светска војна во угостителството се воведуваат хартиени чаршафи.

Занимливости уреди

Прочуен магионичарски трик, заснован на инерција, се состои во брзо извлекување на чаршафот на кој е поставена трпеза, но да се остави приборот и садовите на место.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди