Црквиште (Нов Дојран)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Црквиште


Местоположба 41°13′07″N 22°42′19″E / 41.21861° СГШ; 22.70528° ИГД / 41.21861; 22.70528
Основни податоци
Место Нов Дојран
Општина Дојран
Тип

 базилика


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Црквиштеархеолошко наоѓалиште во дојранското село Нов Дојран. Претставува остаток од старохристијанска базилика која датира од IV-V век.

Со археолошките ископувања од страна на Археолошкиот музеј од Скопје, во дворните места на Г. Поп Коцев, Р. Џиков и Р. Кацаниев, јужно од патот во централниот дел на селото се откриени остатоци од трикорабна, луксузно градена базилика, со нартекс и широка полукружна апсида на источната страна. Откриени се траги од канцел-преграда. Подот во презвитериумот бил изведен со бели мермерни плочки, организирани во полиња што образувале крст. Најдена е богата архитектонска пластика од бел мермер.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 111. ISBN 9989-649-28-6.