Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Селце

црква во Селце, Прилепско

Успение на пресв. Богородицацрква кај прилепското село Селце, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Успение на Пресвета Богородица
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Прилепечко-витолишка
Местоположба

Карта

Координати 41°19′31.0″N 21°34′40.9″E / 41.325278° СГШ; 21.578028° ИГД / 41.325278; 21.578028
Место Селце
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1871
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика
Стил преродбенички

Црквата е сместена во Долното Маало, на источниот крај на селото. Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на исток. Изградена е во 1871 година. Не е живописана, но има убав оригинален иконостас кој е изработен од дрво и насликан.[1] Ктиторскиот натпис гласи:

ИЖЕ ВО СЕЛО СЕЛЦЕ

СЕЙ СВѦЩЕННЫЙ ХРАМ

УСПЕНІЕ ПРЕСВѦТЫѦ

БЦЫ СОГРАДИСѦ Ѿ

ѠСНОВАНІѦ ИЖДИ-

ВЕНІЕМЪ ПРАВОСЛАВ-

НЫХЪ ХРІСТІАНЪ ВО

ЛѢТО Ѿ ХРТА 1871.

СЕПТЕМВРІА 30[1]

Камбанаријата е дело на градителот Димко Тавчија. На плочата за неа се наведуваат иселениците во Америка кои дале парични средства за нејзино отпочнување. Како датум е даден 19 март 1910 г.

Слики уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Црква „Успение на Пресвета Богородица", село Селце“. Old Prilep. Посетено на 4 јануари 2022.