Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Маргари
Успение на Пресвета Богородица – главна и единствена селска црква во селото Маргари.[1] Сместена е во близина на сретселото, на левата страна од патот кој води од соседното село Долгаец.
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Долненско-секиречка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°32′09.2″N 21°21′54.3″E / 41.535889° СГШ; 21.365083° ИГД |
Место | Маргари |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1810 |
Архитектонски опис |
Историја уреди
Црквата била изградена во 1810 година, а како нејзини ктитори се јавуваат папа Ристе и папа Мирче од Долгаец.[2]
Архитектура уреди
Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида украсена со пет слепи ниши на западната страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна, на која има три прозорци и една квадратна слепа ниша со впишан крст. Внатрешноста на црквата е живописана, а фрескописот бил изработен од зографот Јаков од Папрадиште.[2]
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига во продолжение на западната страна на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Горниот дел претставува примитивна дрвена конструкција во којашто е сместено ѕвоното.
Галерија уреди
-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Јужната страна на црквата
-
Влезната врата
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква „Света Богородица“, село Маргари“. OldPrilep. 27 јануари 2014.
Надворешни врски уреди
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Маргари на Ризницата ?