Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долно Кочан

црква во Долно Кочан, Правишко, Егејска Македонија

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Долно Кочан, Правишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Правишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως της Θεοτόκου
Иконата „Пресвета Богородица Димокраниска“
Карта
40°53′48.9″N 24°14′31.3″E / 40.896917° СГШ; 24.242028° ИГД / 40.896917; 24.242028
МестоДолно Кочан, Правишко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Удрен темел1961
Завршена1973
Управа
Архијерејско намесништвоПравишко
ЕпархијаПравишка

Жителите на селото се Грци од Источна Тракија (Турција), дојдени од селото Димокранија (Ѓузелџе) и во 1923 г. Тие се населиле во селото Кочан во кое дотогаш живееле Македонци-муслимани. Тамошната џамија ја претвориле во црква и во неа ја донеле скапоцената икона „Пресвета Богородица Димокраниска“. Во 1950-тите поради свлечишта се преместиле надолу и го основале новото село Долно Кочан.[2]

Парохиската црква „Успение на пресв. Богородица“ е подигната на висок рид и доминира во центарот на селото и претставува трикорабна базилика. Камен-темелникот е поставен на 15 декември 1961 г. од митрополитот Амвросиј Правишки. Отворена е на 23 септември 1973 г. од истиот митрополит. Во храмот се чува чудотворната икона на Богородица донесена од Димокранија во Турција.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου- Ακροβουνίου“. Ιερατικοί Στοχασμοί. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)
  2. 2,0 2,1 „Γεφύρι της Κότσανης (Παλιό Ακροβούνι)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)