Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дебар

црква во градот Дебар

Успение на Пресвета Богородица — енориска црква во градот Дебар, Македонија.[1]

Успение на Пресвета Богородица

Воздушен поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Координати 41°31′48″N 20°31′39″E / 41.53000° СГШ; 20.52750° ИГД / 41.53000; 20.52750
Место Дебар
Општина Дебар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба XI век
XIX век
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот Дебар.

Историја уреди

Црквата е изградена во средината на XIX век, најверојатно 1840 година на постари темели од XI век.[2]

Оваа црква некогаш била седиште на митрополија, која опфаќала простор сè до соседниот албански град Пешкопеја.

Кражби уреди

Во периодот помеѓу 8 и 11 септември 2012 година во црквата била извршена тешка кражба на 14 икони со голема вредност, плаштеница стара три века и пари.[3] Ова било втора кражба по таа во 1988 година. Во периодот од 14 до 19 октомври 2012 година непознат сторител насилно ги откорнал решетките од прозорот и влегол во храмот при што украл 13 исклучително вредни икони.[4]

Во 2014 година, црквата повторно била мета на кражба, која била извршена со уривање на ѕидови и кршење прозорци при што биле украдени повеќе вредни икони.[5]

Архитектура уреди

Црквата е трикорабна со базиликална архитектура со фрески, а има особено убав иконостас од XIX век.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
  2. „archive.ph“. archive.ph. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 2022-12-04.
  3. „Украдени 14 икони од дебарска црква“. Плус24. 11 септември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-12. Посетено на 2012-09-11.
  4. „Вредни црковни икони украдени во Дебар“. Рuls24. 20 октомври 2012. Архивирано од изворникот на 2012-10-21. Посетено на 2012-10-20.
  5. „Уште една дрска кражба во црквата Света Богородица во Дебар“. МАКФАКС. 2014-10-27. Посетено на 2022-12-10.

Надворешни врски уреди