Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Бороец

црква во селото Бороец

Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во дримколското село Бороец.[1]

Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Ложанска
Местоположба

Карта

Координати 41°17′22.48″N 20°35′54.3″E / 41.2895778° СГШ; 20.598417° ИГД / 41.2895778; 20.598417
Место Бороец
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба XIX век
Завршено XIX век
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа во самото село на ридот Бигор кој преовладува над селото, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта. Во непосредна близина на црквата се наоѓа и главната селска џамија.

По традиција, селаните во оваа црква се собираат за погреби и крштевки.[2]

Местоположба уреди

Црквата е изградена во Горно Маало и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.[2]

Историја уреди

Во црковниот двор во 1966 година била изградена камбанаријата на црквата. Ѕидари на камбанаријата биле селските муслимани.[2]

Икони уреди

Во 1867 година, Дичо Зограф изработил икони за селската црква.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 196–200.
  3. „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. ПреминПортал. 10 октомври 2008. Посетено на 1 октомври 2018.

Надворешни врски уреди