Црква „Св. Теодор Тирон“ - Кривогаштани

црква во селото Кривогаштани, Македонија

Свети Теодор Тирон (позната и како Свети Тодор) — помала гробишна црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.[1]

Свети Теодор Тирон

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Втора кривогаштанска
Местоположба

Карта

Координати 41°20′9″N 21°20′9″E / 41.33583° СГШ; 21.33583° ИГД / 41.33583; 21.33583
Место Кривогаштани
Општина Кривогаштани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Теодор Тирон
Изградба 1937
Осветување 9 март 1968
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Црквата се наоѓа на влезот во селото Кривогаштани од страната на Прилеп, на самиот регионален пат 1306. Околу црквата се наоѓаат гробишта.

Местоположба уреди

Црквата е сместена во селото Кривогаштани.[2]

Историја уреди

Според истражувањето на Јован Трифуноски, црквата била изградена во 1937 година. Претходно на тоа место имало остатоци од стар храм.[2] Според други извори, била изградена во 1936 година, а осветена на 9 март 1968 година од епископот Климент Преспанско-битолски.

Архитектура уреди

Црквата има еднокорабна засводена градба.[3]

Помошниот објект во црквата бил обновен во 2007 година со средства на мештаните.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. „Црква „Свети Теодор Тирон", село Кривогаштани“. OLDPRILEP.COM. 2012-01-03. Посетено на 2022-01-06.

Надворешни врски уреди