Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Српци

црква во селото Долно Српци

Свети Теодор Тирон (позната и како Свети Тодор) — главна селска црква во селото Долно Српци.[1] Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото и има преовладува во панорамата на селото со својата бела фасада.

Свети Теодор Тирон

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Беранечка
Местоположба

Карта

Координати 41°10′27″N 21°21′58″E / 41.17417° СГШ; 21.36611° ИГД / 41.17417; 21.36611
Место Долно Српци
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Теодор Тирон
Изградба 1871
1926
Завршено 1929
Изгорена 2018
Архитектонски опис

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.[2]

Историја уреди

Денешната градба била подигната во 1929 година и е една од најголемите и најдобро изградените цркви во областа. Претходно, на истото место се наоѓала помала и постара црква, подигната во 1871 година.[3] До 1946 година, црквата поседувала над 130 декари земја (ниви и ливади), која била поделена на селаните.[2]

До 1912 година, во непосредна близина на црквата се наоѓале и селски гробишта. Денес, главните селски гробишта се наоѓаат во северниот дел на црквата, каде е изградена црквата „Св. Архангел Михаил“.[2]

Црквата доживеала обнова во текот на 2010 година.[4]

Во 2018 година, црквата била погодена од гром, при што биле искршени прозорците и изгорела електричната инсталација.[5] Исто така напукнале делови од објектот, потемнеле ѕидовите во внатрешноста, а испаѓале и се искршиле и дел од лустерите во црквата.

Архитектура уреди

Храмот е доста голем и убав, еден од најуредените во околината.[2]

Фасадата на храмот пред ударот на гром била розова, а по обновата во 2019 година, црквата добила бела фасада.

Галерија уреди

Останати објекти
Црквата

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 41. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 331.
  3. Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-06-30. Посетено на 2019-08-30.
  4. „ГРОМ УДРИ ВО ЦРКВАТА ВО СЕЛО ДОЛНО СРПЦИ И ЈА ОШТЕТИ“. Сакам Да Кажам. 2018-08-27. Посетено на 2019-08-30.
  5. „Гром удри во црква во Долно Српци“. Сител Телевизија. Посетено на 2019-08-30.

Надворешни врски уреди