Црква „Св. Петка Блажена“ - Бер

црква во Бер, Егејска Македонија

Света Петка Блажена (грчки: Αγία Παρασκευή Μακαριώτισσας) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Дел е од парохијата на „Св. Јован Милостив“.[2]

Света Петка Блажена
Αγία Παρασκευή Μακαριώτισσας
Карта
40°31′22.67″N 22°12′23.62″E / 40.5229639° СГШ; 22.2065611° ИГД / 40.5229639; 22.2065611
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Храмот е изграден во XIV век. Првично била еднокорабна градба со дрвен покрив. Претрпела драматични промени во низа интервенции од XV до XVIII век. Со променетиот облик и големина, храмот е претворен во трикорабна базилика. Внатре се зачувани вредни фрески од различни периоди од XIV до XVIII век. Иконите во храмот исто така се вредни, со оригинален израз и живи бои.[1]

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Αγία Παρασκευή Μακαριώτισσας“. Discover Veria. Посетено на 21 јули 2016.
  2. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 23 јули 2016.
  3. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]