Црква „Св. Петка“ - Бешиште

црква во Бешиште, Прилепско

Св. Пантелејмонцрква во прилепското село Бешиште, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Света Петка

Кирил и Методиј на северната страна на наосот

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Прилепечко-витолишка
Местоположба

Карта

Координати 41°8′18.2″N 21°47′0.5″E / 41.138389° СГШ; 21.783472° ИГД / 41.138389; 21.783472
Место Бешиште
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба XIX век
Живопис 1884
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика
Стил преродбенички
Страшниот суд на живопис

Црквата е сместена крај задружниот дом на сретселото. Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на исток, која однадвор е расчленета на седум плитки ниши. Средишниот кораб е полукружно засводен, а страничните имаат рамни дрвени тавани. Изградена е во осредината на XIX век.[1] Според ктиторскиот натпис, на кој се набројани многу ктитори, црквата е живописана во 1884 година[2] од мијачкиот зограф Аврам Дичов[3] или од зографи од неговата тајфа.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Црква „Света Петка", село Бешиште“. Old Prilep. Посетено на 2 јануари 2022.
  2. „Бешиште (Besiste) - Прилепско Мариово“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-03. Посетено на 3 март 2014.
  3. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 188.
  4. Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 294.

Надворешни врски уреди