Црква „Св. Патапиј“ - Бер

црква во Бер, Егејска Македонија

Свети Патапиј (грчки: Άγιος Πατάπιος) — доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Големи Свети Бессребреници“.[2]

Свети Патапиј
Άγιος Πατάπιος
Поглед на црквата
Карта
40°31′33″N 22°12′17″E / 40.52583° СГШ; 22.20472° ИГД / 40.52583; 22.20472
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска
Живопис во храмот

Црквата е подигната во XV век врз урнатините на ранохристијанска крстилница од IV век и голема базилика од V век. Првибитно била трикорабна базилика со дрвен покрив. На почетокот на XVI век црквата е проширена и од стариот храм е зачуван само жртвеникот како нов ѓаконик. Внатре се зачувани фрески од XV век во северниот дел на првичниот храм и вклучуваат впелатчиви претстави на Богородица, Благовештението и Распетието. Останатите фрески се од почетокот на XVII век со претставите на Свети Јован Крстител и Свети Патапиј со Богородица и Христос.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Άγιος Πατάπιος“. Discover Veria. Посетено на 29 јули 2016.
  2. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 29 јули 2016.

Надворешни врски уреди