Црква „Св. Пантелејмон“ - Просечен

црква кај Просечен, Драмско

Свети Пантелејмон (грчки: Αγίου Παντελεήμονος) — средновековна црква кај селото Просечен, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]

Свети Пантелејмон
Αγίου Παντελεήμονος
Карта
41°10′13.4″N 23°56′58.1″E / 41.170389° СГШ; 23.949472° ИГД / 41.170389; 23.949472
МестоПросечен, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабен храм
ЗавршенаXIII век
Управа
Архијерејско намесништвоПросеченско
ЕпархијаДрамска

Историја уреди

Црквата е изградена во втората половина на XIII век. Обновена е во 1915 г.[1][2]

Таа била матичен храм на манастир. Според османски дефтер од 1478 г. близу Посечен имало село Пантолимон, дел од Драмската каза, со 16 христијански домаќинства. Населението произведувало пченица, јачмен, овес, ’рж, леќа, шафран, плодови, памук, зеленчук, слама, лозје, чај и вино. Работеле шест воденици, очигледно на реката Панега.[2]

Архитектура уреди

Градбата е еднокорабен компактен храм со впишан крст во сооднос 1:2,2. Првобитните внатрешни димензии биле 5,90 × 7,3 м без апсидата.[1] Од стариот храм останати се само северните и источните делови.[2] Апсидата одвнатре е полукружна, а однадвор била тристрана. Од обете страни имала керамопластични украси.[1] Добро зачуван е и северниот дел, кој исто така има украси од тули. Во ѕидаријата се употребени архитектонски елементи од постари градби. Се гледаат влијанија од цариградските (во лаковите и јужната страна) и солунските храмови (полуседмоаголната конха со слепи лакови на апсидата).[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Δήμος Προσοτσάνης. Εκδηλώσεις και Δρώμενα 2018 (PDF). стр. 15.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Μουσικοχορευτικός Σύλλογος Ο Μέγας Αλέξανδρος. „Το εξωκλήσι του Αγίου Παντελεήμονα“. Посетено на 24 септември 2019.
  3. Βελένης, Γεώργιος. „Ενας Παλαιολόγιος ναός στην περιοχή της Δράμας“. Μουσικοχορευτικός Σύλλογος Ο Μέγας Αλέξανδρος. Посетено на 23 септември 2019.