Црква „Св. Никола“ - Кривогаштани

црква во селото Кривогаштани, Македонија

Свети Никола — главна селска црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.[1]

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Прва кривогаштанска
Местоположба

Карта

Координати 41°20′1″N 21°19′53″E / 41.33361° СГШ; 21.33139° ИГД / 41.33361; 21.33139
Место Кривогаштани
Општина Кривогаштани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1847
Живопис 1860
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика

Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото Кривогаштани. Околу црквата се наоѓаат гробишта.

Местоположба уреди

Црквата е сместена во селото Кривогаштани.

Историја уреди

Црквата била подигната во 1847 година. Била подигната на иницијатива на свештениците Стојан и Андреј од Кривогаштани, а била осветена во Пелагонискиот митрополит Венедикт Византиски во 1860 година.[2]

Во 1942 година во црквата бил пронајден крушевскиот литургиски зборник со апокрифи, кој е кириличен ракопис од XVII век. Потоа, бил однесен во крушевските цркви, а по војната бил префрлен во крушевскиот музеј.[3]

Архитектура уреди

Црквата претставува трикорабна базилика, со полукружна апсида на источната страна, која однадвор е расчленета со пет слепи ниши.[2]

Во црквата се чува надгробна стела од мермер со релјефна претстава во две полиња. Во горниот дел лево има две мали фигури на постамент, а десно три фигури што лежат и десно од нив жена што седи. Во долното поле стојат три фигури.[4]

Фрескоживопис уреди

Храмот поседува живопис, кој го добила во 1860 година.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Црква „Свети Никола", село Кривогаштани“. OLDPRILEP.COM. 2011-12-28. Посетено на 2022-01-06.
  3. „Крушевски литургиски зборник со апокрифи. Крушевскиoт литург“. mk.freejournal.info. Архивирано од изворникот на 2022-01-07. Посетено на 2022-01-07.
  4. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 301. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски уреди