Црква „Св. Никола“ - Глуво

црква во селото Глуво

Свети Никола — главна селска црква во скопското село Глуво.[1]

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Координати 42°5′13.11″N 21°23′46.73″E / 42.0869750° СГШ; 21.3963139° ИГД / 42.0869750; 21.3963139
Место Глуво
Општина Чучер-Сандево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1306
1855
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа во самото село. Селските гробишта се наоѓаат во непосредна близина на самата црква.[2]

Историја уреди

Црквата била подигната во 1855 година.[2] Според други извори, таа година била само обновена, кога била доѕидана припратата, која ги опфаќа сите страни на стариот храм, освен источната. Таа година, биле урнати западниот, јужниот и северниот ѕид на стариот храм до сводните партии.[3]

Се верува дека стариот храм потекнува од 1306 година.[4]

Архитектура уреди

Градбата се одликува со големи димензии.[2]

Фрескоживопис уреди

Старото ѕидно сликарство е во духот на поствизантиските сликарски разбирања и потекнува од првата деценија на XVI век. Во текот на XIX век, Дичо Зограф изработил монументален живопис. Во ова живописување учествувале и други зографи, како што бил и Димитар Андонов-Папрадишки.[3]

Иконостас уреди

Црквата поседува иконостас, а иконите во него биле изработени од страна на уметникот Дичо Зограф.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован Ф.; Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
  3. 3,0 3,1 3,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Свети Никола“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1331. Text "series " ignored (help)
  4. „Каде да одите ВИКЕНДОВ? Во Глуво, на домашна храна и уживање во неверојатната природа!“. Слободен печат. 2019-09-25. Посетено на 2020-02-01.

Надворешни врски уреди