Црква „Св. Наум Охридски“ - Битола

црква во Битола

Св. Наум Охридскицрква во центарот на градот Битола. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.[1]

Свети Наум Охридски
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Местоположба

Карта

Координати 41°1′42.2″N 21°20′20.2″E / 41.028389° СГШ; 21.338944° ИГД / 41.028389; 21.338944
Место Битола
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Наум Охридски
Архитектонски опис

Црквата е метох на манастирот „Свети Наум“ во Охридско. Се наоѓа на ул. „Христо Христов“ бр. 15, спроти училиштето „Таки Даскало“ и зад Управата за јавни приходи. Се вбројува меѓу важните култни места во градот. Претставува првично станбен објект порадарен на манастирот во 1931 година и претворен во црква.[1] Иконостасот е дело на копаничарот Ѓорѓи Караџовски, изработен во 1960 г.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Црква Св. Наум“. Bitola.info. Посетено на 10 јануари 2020.
  2. Андоновска, Ленче (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 90. ISBN 978-9989-2783-0-3. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)