Црква „Св. Илија“ - Добрево

црква во селото Добрево

Свети Илија — главна селска црква во селото Добрево.[1] Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото.

Свети Илија

Поглед на црквата „Св. Илија“ во селото Добрево

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Трета пробиштипска
Местоположба

Карта

Координати 42°01′23.1″N 22°11′53.4″E / 42.023083° СГШ; 22.198167° ИГД / 42.023083; 22.198167
Место Добрево
Општина Пробиштип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Завршено втора половина на XIX век
Зограф непознато
Архитектонски опис

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа во непосредна близина на селското училиште, до кои води пристапен асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат 1309.

Историја уреди

Во некои извори се споменува дека црквата била изградена во втората половина на XIX век. Тоа е поткрепено и со фактот што иконите на дрвениот иконостас биле изработени во 1872 година.[2] Сепак, над влезната врата има натпис на којшто е испишана 1938 година. Не е познато кога и од кој архијереј била осветена, а не е познато ниту од кој иконописец биле изработени иконите. Црквата не е зографисана.[3]

Архитектура уреди

Црквата претставува голема еднокорабна градба. На дрвениот иконостас има 29 икони.[2] Градбата е оградена со камена ограда којашто е покриена со ќерамиди. Над влезната порта од дворот на црквата има натпис на којшто ја пишува годината на нејзината изградба. Влезната порта се наоѓа на предната страна на дводелната камена камбанарија. Првиот дел има квадратна основа, додека вториот осумаголна. Со исклучок на основата којашто од сите страни е оградена, вториот дел се состои од осум столбови покриени со кров над којшто е поставен крст.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.
  2. 2,0 2,1 Шапкалиска, Теодора (1984). Лингвистички интерпретации. Скопје: Македонска книга. стр. 217.
  3. „Парохии при храм Света Богородица - Пробиштип“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2022-11-13. Посетено на 2022-11-13.

Надворешни врски уреди