Црква „Св. Илија“ - Глобочица

црква во селото Глобочица

Свети Илијацрква во селото Глобочица која се наоѓа на самиот брег на истоименото езеро.

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Трета струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°19′04.1″N 20°38′30.8″E / 41.317806° СГШ; 20.641889° ИГД / 41.317806; 20.641889
Место Локов
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 19 септември 2011
Завршено 2014
Осветување 14 септември 2014
Ктитор ЕЛЕМ
Архитектонски опис

Историја уреди

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 19 септември 2011 година,[1], а истата била завршена била во 2014 година. Осветувањето било извршено на 14 септември 2014 година, кога биле одбележани точно 50 години од потопувањето на истоимената потопена црква.[2] Карактеристично за оваа црква е тоа што камен-плочата од некогашната потопена црква од 15 век е вградена во новата над влезот. Истата била извадена од дното на езеро од страна на нуркачки тим во мај 2012 година.[3]

Архитектура уреди

Црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола, која има по една монофора на северната, јужната, западната и источната страна. Влезот на црквата е сместен на западната страна, а просторот пред него е покриен со натстрешница. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров. Дворот на црквата е ограден со камена ограда.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди