Црква „Св. Илија“ - Вешје

црква во селото Вешје, Македонија

Свети Илија — главна селска црква во неготинското село Вешје, Македонија.[1][2]

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Демиркаписка
Местоположба

Карта

Координати 41°23′02″N 22°07′52″E / 41.38389° СГШ; 22.13111° ИГД / 41.38389; 22.13111
Место Вешје
Општина Неготино
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба XIX век
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Црквата се наоѓа надвор од самото село, со срушен покрив и целосно во разрушена состојба.[3] Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа на височинка над селото, до која се пристапува по земјен пат од самото село.

Историја уреди

Нема податоци кога точно е подигната црквата, но се претпоставува дека е во втората половина на XIX век.[2]

Архитектура уреди

Црквата претставува трикорабна градба. Има отворени тремови на јужната и западната страна, а од истите тремови има и влезови за во црквата.[2]

Фрескоживопис уреди

Црквата е целосно фрескоживописана.[2]

Иконостас уреди

На парапетната табла од иконостасот има запис на кој пишува „Из руки Глигур Петревич зог/раф/дебрели се/ло/Тресанче 1878“. Овој запис веројатно се однесува на авторството на иконите на иконостасот, а исто така и на фреските во црквата.[2] Според други извори, иконите потекнуваат од 1879 година насликани од Петре Пачаров, ученик на Дичо Зограф.[4]

Иконите од црквата се водат како културно наследство според Националниот конзерваторски центар. По разрушувањето на црквата, иконите биле чувани во старото училиште во селото, а во 2019 година биле преземени од страна на Музејот на град Неготино.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-10-13.
  3. 3,0 3,1 „Музеј на град Неготино“. www.muzejnegotino.mk. Посетено на 2021-10-13.
  4. „Изложба на икони и иконостаси од црквите и манастирите во Општина Неготино | Министерство за Култура“. Посетено на 2021-10-13.

Надворешни врски уреди