Црква „Св. Димитриј“ - Сер

црква во Сер, Егејска Македонија

Свети Димитриј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Карта
41°5′21.5″N 23°32′23.6″E / 41.089306° СГШ; 23.539889° ИГД / 41.089306; 23.539889
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типпеткорабна базилика
Изградба1956
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја уреди

Парохијата е создадена во 1934 г. Храмот се наоѓа на улица „Емануил Папас“ бр. 18. Почнал да се гради во 1956 г. со средства на Георгиос Метаксас и осветен е на 7 септември 1958 г. од митрополитот Константин Серски. На почетокот на 1960-тите е додаден нартекс и олтарот е живописан од атинскиот зограф Димитрис Кендакас. Во март 1990 г. почнало проширување на црквата, за на крајот во 1993 г. да добие двојно повеќе простор. Храмот станал петкорабна базилика со купола.[1]

Во храмот се чуваат мошти на Свети Димитрија Солунски, Свети Јован Златоуст и Света Анастасија, како и копија на иконата „Пресв. Богородица Вратарница“. При црквата работи неделно училиште.[1]

Во парохијата влегува и параклисот „Св. Нектариј“, изграден на неколку метри југоисточно и осветен на 9 ноември 1966 г. од митрополитот Константин Серски. Ктиторка на параклисот е монахињата Нектарија со световно име Анастасија Адамуси. На крајот на 1980-тите параклисот повторно изграден од темел.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 12 декември 2017.