Црква „Св. Димитриј“ - Драчевица

црква во селото Драчевица, Македонија

Свети Димитриј — главна селска црква во демиркапиското село Драчевица.[1][2]

Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Демиркаписка
Местоположба

Карта

Координати 41°20′54″N 22°11′45″E / 41.34833° СГШ; 22.19583° ИГД / 41.34833; 22.19583
Место Драчевица
Општина Демир Капија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј
Изградба 1858
Живопис XIX век
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Црквата се наоѓа јужно од селото, под возвишението Зајчар, кое преовладува во околината.

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа под возвишението Зајчар,[3] кое е сместено јужно од селото.[2]

Историја уреди

Црквата била подигната во 1858 година,[4] што е испишано на лакот од северниот влез во црквата.[2] Била подигнато на старо вакавиште, каде биле ископани неколку грчки надгробни плочи.[3]

Архитектура уреди

Според својот архитектонски облик црквата е трикорабна со главен влез на северната страна.[2]

Црквата е скоро напуштена поради отселување на луѓето во Демир Капија.[2]

Фрескоживопис уреди

Црквата била зографисана кон крајот на XIX век, а нејзиниот живопис е обновен во 1927 година според сочуваниот натпис над северниот влез во црквата, кој гласи „Сеи храм обновисја 1927 г. III 26 зoграфи Димитриа и Георгиа браќа Андонови и наследници Андон Илиа из Дебар“.[2]

Иконостас уреди

Иконостасот го исполнуваат мноштво икони изработени во периодот од 1863 до 1866 година од зографот Григориј (Пецанович) од Струмица.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-09-95. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 292.
  4. „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 26 август 2021.

Надворешни врски уреди