Црква „Св. Димитриј“ - Глишиќ

црква во селото Глишиќ

Свети Димитриј — главна селска црква во кавадаречкото село Глишиќ.[1][2]

Свети Дмитриј

Поглед на новата црква

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба

Карта

Координати 41°27′17″N 22°1′28″E / 41.45472° СГШ; 22.02444° ИГД / 41.45472; 22.02444
Место Глишиќ
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј Солунски
Изградба 1869
Архитектонски опис

Таа се наоѓа во самото село, сместена под Горното Маало. Околу нејзе се сместени и селските гробишта.

Историја уреди

Старата црква била подигната во 1869 година.[2]

Старата селска црква била срушена и за жал не е сочувано ништо од неа. Поранешната црква била напуштена и скоро пред распаѓање. Поради тоа дошло до нејзино обновување во периодот 1982-2014 година, но за жал не е ништо сочувано од старата црква.[2][3]

Архитектура уреди

По својата архитектурна форма, старата црква била еднокорабна, изградена и живописана во XIX.[2][3]

Црквата имала отворен трем од западната страна и дрвена таваница која била на распаѓање.[2]

Фрескоживопис уреди

Пред обновата на црквата, на северниот ѕид во наосот на црквата било насликано Второто пришествие Христово (Страшниот суд). На јужниот ѕид фреските биле пред распаѓање, а биле сочувани само ликовите на Св. Зосим, Марија Египќанка и Св. Игнатиј.[3]

На иконостасот имало царски двери изработени во копаница со иконопис со следната содржина:[3]

Во останатите делови во наосот и олтарниот простор фреските биле уништени. Денес, од гореспоменатите фрески нема ништо сочувано.[3]

„Сија двери ја приложил Стојан Николов и син му Ило и внук му Лазо зограф Иоана Џиков от Осои и Спасе Ангелков от Гари 1869

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 25 февруари 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Архивирано од изворникот на 2014-02-25. Посетено на 25 февруари 2018.

Надворешни врски уреди