Црква „Св. Димитриј“ - Валандово

црква во градот Валандово

Свети Димитриј — гробјанска црква во Валандово, а воедно и парохиски храм на Валандовската парохија. Црквата се наоѓа над последните куќи во северозападниот дел на градот, на зарамнета падина на разгранок од планината Плавуш.

Свети Димитриј

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Валандовска
Местоположба

Карта

Координати 41°19′17.5″N 22°33′26″E / 41.321528° СГШ; 22.55722° ИГД / 41.321528; 22.55722
Место Валандово
Општина Валандово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј Солунски
Изградба 1830
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Историја уреди

Црквата е подигната во 1830 година.[1]

Архитектура уреди

Градбата на црквата е трикорабна и со рамни тавани, при што на неговиот полукружен свод е насликана икона со платно со претставата на Исус Христос Седржител. Средишниот кораб на градбата ги надвишува страничните два, а црквата завршува со полукружна апсида на источната страна. Покривната конструкција е изградена на две води и е потрена на два реда од по четири симетрично поставени столбови. Влезната врата е сместена на јужната страна и над неа има застаклена ниша со фреска на која е претставен Свети Димитриј.[1]

Во црквата има стари икони кои потекнуваат од XVII, XVIII и XIX век, изработени од непознати зографи, но и понови кои се од XX век. Сегашниот иконостас е изработен во 1988 година од црковниот уметник Мишко Милановиќ, со помош на двајца соработници, а е осветен на 7 април 1989 година од тогашниот митрополит на Повардарската епархија, г. Михаил.[1]

Поради нејзината поставеност во просторот, црквата е недоволно препознатлива и привлечна. Југозападно од црквата се наоѓа камбанаријата, која според натписот на северната страна, е изградена во 1898 година, а обновена во 1994 година.[1] Во дворот на црквата има помошен објект, кој според наведениот натпис, е изграден во 1936 година. Во склоп на црквата се и градските гробишта.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 20 јули 2017.

Надворешни врски уреди