Црква „Св. Димитриј“ - Будимирци

манастирска црква на Трновскиот манастир

Свети Димитриј – манастирска црква на Трновскиот манастир, Македонија.

Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба

Карта

Координати 41°02′13.7″N 21°44′33.9″E / 41.037139° СГШ; 21.742750° ИГД / 41.037139; 21.742750
Место Будимирци
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитрија Солунски
Завршено 1860
2000 (обновена)
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Историја уреди

Црквата била изградена во 1860 година, но била разрушена во 1918 година, па била обновена во 2000 година.[1]

Во внатрешноста на црквата се наоѓа фотографија на Стојанка Ајдерова, која била иницијатор за изградба на црквата.

Архитектура уреди

Градбата на црквата е мала еднокорабна со четириаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна, а непосредно над влезната врата има вдлабнат крст.[2] Над крстот има ниша во којашто се наоѓаат две помали икони во лоша состојба, од кои на едната е насликан Свети Димитриј како јава коњ, а на другата е прикажана Богородица со Исус. Црквата е еднокорабна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, но изобилува со бројни икони и слики закачени по ѕидовите. Иконостасот содржи два реда со икони над ѓаконовите порти и царските двери.

Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел има нешто поголема основа и на неговата јужна страна е сместен влезот. Горниот дел е подолг и во висина на ѕвоното има по една отворена монофора на секоја страна.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Трново Архивирано на 5 октомври 2021 г.“. Мој Роден Крај.
  2. Будимирци – мариовско село во прегратките на Ниџе планина“. Оф Роуд - Македонија.

Надворешни врски уреди