Црква „Св. Вознесение“ - Вепрчани
Свето Вознесение — македонски православен храм во селото Вепрчани во областа Мариово. Сместена е во крајниот западен дел на селото на самиот крај на долот. Нејзината градба е многу стара и за неа постојат разни претпоставки кои наведуваат дека таа е изградена во XIII, XIV или XVI век. Во нејзината внатрешност има два столба, а имало и неколку плочи со стари натписи кои се проучувани од истражувачите од заводот и музејот во Прилеп. При нејзината градба покрај обичниот камен се употребувале и плочи со антички натписи пронајдени на остатоците од стари населби во околината. Патрониот празник на црквата Спасовден е и селска слава на Вепрчани, но поради поширокиот простор и подобрите услови прославата и општонародниот собор се одржуваат во манастирската црква „Свети Димитрија“ која што се наоѓа веднаш над самото село. Пред самата црква има покриен трем со трпеза, а во дворот на црквата се и селските гробишта, кои имаат карактеристичен изглед со своите мали димензии поткренати над земјата, заради тоа што телата на покојниците биле закоповуани без сандаци.
Свето Вознесение
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прилепечко-витолишка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Вепрчани |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Изградба | XIII-XIV век |
Архитектонски опис |