Црква „Св. Бессребреници“ - Солун

црква во Солун

Свети Бессребреници (грчки: Ιερός Ναός Αγίων Αναργύρων Ακροπόλεως Θεσσαλονίκης) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Бессребреници
Αγίων Αναργύρων
Поглед на црквата
Карта
40°38′30.1″N 22°57′34.1″E / 40.641694° СГШ; 22.959472° ИГД / 40.641694; 22.959472
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1959
Управа
ЕпархијаСолунска

Храмот е сместен во североисточниот акропол на Солун, вон градските ѕидини и под Еди-куле. Во византиско време на ова подрачје имало манастир посветен на Светите Бессребреници Кузман и Дамјан. Во османлиско време овде било муслиманско маало и во дотогашниот манастир имало мала џамија наречена Попара Бара. Воо 1920-тите муслиманите се иселени во Турција и на нивно место се доведени турски Грци; џамијата е претворена во црква наречена „Св. Бессребреници“. По Втората светскка војна црквата станала премала за потребите и изградена е нова, отворена 6 септември 1959 г. од епископот Стефан Талантски по наредба на митрополитот Пантелејмон Солунски.[2]

Сегашната градба е трикорабна засводена базилика со женска црква. Има и два параклиса — „Св. Бессребреници Кир, Јован и Пантелејмон“ и „Свети Никола, Св. Григориј Богослов и Св. Лука Симферополски“. Бил дел од парохијата на црквата „Свети Василиј“ во парк со кедрови дрва, како и „Св. Елевтериј“ во Еди-куле. Во храмот се чуваат чудотворни икони на Богородица Домостроителка и Богородица Скоропослушница.[2][3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Άγιοι Ανάργυροι“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Посетено на 10 октомври 2016.
  2. 2,0 2,1 „Άγιοι Ανάργυροι Ακροπόλεως Θεσσαλονίκης“. Ιερός Ναός Αγίων Αναργύρων Ακροπόλεως Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2016-10-11. Посетено на 10 октомври 2016.
  3. Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 41–42.

Надворешни врски уреди