Црква „Св. Атанасиј“ - Прждево

црква во селото Прждево, Македонија

Света Атанасиј — главна селска црква во демиркапиското село Прждево, Македонија.[1][2]

Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Демиркаписка
Местоположба

Карта

Координати 41°25′06″N 22°09′54″E / 41.41833° СГШ; 22.16500° ИГД / 41.41833; 22.16500
Место Прждево
Општина Демир Капија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Изградба 1858
Живопис 1878
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Црквата се наоѓа на еден од благите ридови во самото село, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото на една височинка, со што црквата преовладува во самото село.[2] Храмот е сместен во Горно Маало.[3]

До црквата се стигнува преку земјен пат, кој започнува меѓу последните куќи во селото.

Историја уреди

Црквата изградила во 1858 година, што е запишано во натпис на една мермерна плоча поставена на источната фасада.[2] Била подигната на темели на постар храм, кој бил срушен од муслиманите при нивното населување во селото.[3]

Архитектура уреди

Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна, чии кораби се создадени преку два реда колони. Средишниот кораб повисоко се издига од страничните и сите три имаат рамни таваници украсени со обоени квадратни полиња. На источната страна од надвор црквата има нагласени три апсиди, од кои средишната е олтарната, а страничните две се од проскомидијата на северната и ѓаконикот на јужната страна. Главниот влез во црквата е од западната страна, а има и спореден од северната.[2]

Фрескоживопис уреди

Црквата добила фрескоживопис во 1878 година, што може да се потврди од зографите со написот кој гласи „од рацете на браќата сликари Вангел, Никола и Коста Анастасович зографи од село Крушево во лето 1878 декември 14“.[2]

Фрескоживописот е распореден во три зони и изобилува со сцени од стариот и новиот завет. Иконостасот го краси големиот крст со распетието Христово изработен во копаница со две ламји лево и десно од него.[4]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-08-26.
  3. 3,0 3,1 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 328.
  4. „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 29 септември 2021.

Надворешни врски уреди