Црква „Св. Атанасиј“ - Кокошиње

црква во Кокошиње, Кумановско

Свети Атанасиј Велики — главна селска црква во кумановското село Кокошиње, Македонија.[1]

Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Клечовска
Местоположба

Карта

Координати 42°05′44″N 21°57′37″E / 42.09556° СГШ; 21.96028° ИГД / 42.09556; 21.96028
Место Кокошиње
Општина Куманово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба 1842
Живопис Димитар Андонов Папрадишки и Петар Николов
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Кокошиње. До 1913 година, покрај црквата се наоѓале селските гробишта, кои подоцна биле преместени под селото.[2]

Историја уреди

Црквата е изградена во 1842 година.[3][4]

Архитектура уреди

Претставува трикорабен бескуполен храм.[3][4]

Фрескоживопис уреди

Живописана е од истакнатите мајстори Димитар Андонов Папрадишки и Петар Николов од Велес. Насликани се сцени од Стариот завет.[3][4]

Иконостас уреди

Има позлатени резбани царски двери.[3][4]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 57. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 684.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Преродбенски период“. Центар за дигитализација на националното наследство. Архивирано од изворникот на 2014-04-15. Посетено на 14 април 2014.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „с. Живиње - црква Св. Илија“. Галерија на икони од Кумановскиот крај во црквата Св. Никола, Куманово. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2021-11-18. Занемарен непознатиот параметар |достъп_дата= (help)

Надворешни врски уреди