Црква „Св. Атанасиј“ - Гостиражни

црква во селото Гостиражни

Свети Атанасиј – главна селска црква во селото Гостиражни.[1][2] Сместена е во источниот дел од селото.

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Долненско-секиречка
Местоположба

Карта

Координати 41°33′15.1″N 21°25′56.5″E / 41.554194° СГШ; 21.432361° ИГД / 41.554194; 21.432361
Место Гостиражни
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Архитектонски опис

Архитектура уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со мала полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна е доградена припрата чија влезна врата се наоѓа на северната страна. Храмот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и христијанските селски гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над влезната порта од дворот на црквата. Нејзиниот горен дел, сместен над влезната порта од дворот, е ограден.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Црква „Св. Атанас“, село Гостиражни“. OldPrilep. 15 јуни 2016.

Надворешни врски уреди