Црква „Св. Архангел Михаил Главатов“ - Штип

црква во Штип

Св. Архангел Михаил Главатовсредновековна црква во градот Штип. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Свети Архангел Михаил Главатов

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Штипска
Местоположба

Карта

Координати 41°44′16.9″N 22°11′28.5″E / 41.738028° СГШ; 22.191250° ИГД / 41.738028; 22.191250
Место Штип
Општина Штип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Завршено XIV век
Архитектонски опис

Црквата е сместена во маалото Стар Конак во центарот на градот. Денес е во дворот на Музичкото училиште. Се споменува во 1378 г. кога браќата властелини Константин и Јован Дејанови му ја подариле на светогорскиот манастир „Св. Пантелејмон“.[2] Подоцна храмот е преправан.[2] Во апсидата има зачувани фрагменти од изворниот фрескопис.[2] Иконите се од XIX век.

Во 1981 г. е извршена санација на црквата.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 2,2 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1316. ISBN 978-608-203-024-1.
  3. „Брегалничка епархија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 10 април 2014.

Надворешни врски уреди